Македонија

Бегај по средбата со Давкова: Албанскиот чинител во РСМ е гаранција за постојаниот напредок за меѓусебните односи на двете земји

„Претседателот на Албанија Бајрам Бегај, придружуван од својата сопруга Аманда Бегај, денес во Охрид имаше работна средба со претседателката на С.Македонија Гордана Силјановска. Покрај другото, Бегај ја нагласи важноста на албанскиот чинител во С.Македонија како мост за поврзување, важен и гаранција за континуиран напредок на меѓусебните односи.“ – објави информативниот портал „Панорама“ од Тирана, Албанија. […]

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај, придружуван од својата сопруга Аманда Бегај, денес во Охрид имаше работна средба со претседателката на С.Македонија Гордана Силјановска. Покрај другото, Бегај ја нагласи важноста на албанскиот чинител во С.Македонија како мост за поврзување, важен и гаранција за континуиран напредок на меѓусебните односи.“објави информативниот портал „Панорама“ од Тирана, Албанија.

Порталот ја пренесува целосната објава на албанскиот претседател Бегај на општествената мрежа: „Разговаравме за заемна, регионална соработка и за европската интеграција. Албанија и С.Македонија споделуваат волја да соработуваат на проекти од вредност за нашите граѓани.“

„Албанскиот фактор во С.Македонија е мост за поврзување, тој е важен и претставува гаранција за постојан напредок на нашите односи. Развојот на заеднички проекти не само на економски и инфраструктурни, туку и културни и социјални проекти, е остварлив и добредојден. Со заеднички сили кон напредок!“

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top