Македонија

Вреди: ДУИ, Левица и Арсовска инсценираат меѓуетничка дестабилизација заради политички интереси – За какви планови разговарале Муса Џафери од ДУИ и пратеникот од Левица на нивната средба?

„Вреди изразува длабока вознемиреност, поради координираните напори, што се прават во последните денови за создавање измислени меѓуетнички тензии, со цел да се одвлече вниманието на јавноста од неуспесите и политичката корупција на партиите што веќе се во опозиција. Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, во врска со моментниот осуда на случајот од наша […]

Вреди изразува длабока вознемиреност, поради координираните напори, што се прават во последните денови за создавање измислени меѓуетнички тензии, со цел да се одвлече вниманието на јавноста од неуспесите и политичката корупција на партиите што веќе се во опозиција. Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, во врска со моментниот осуда на случајот од наша страна, е пример за инсценирање меѓуетнички тензии, со реторика за создавање вештачки судири меѓу етничките заедници. – реагира коалицијата Вреди во своето соопштение, кое го пренесе ТВ Шења.

Натаму во тоа соопштение на својот фејсбук-профил Вреди наведува: Физичкиот инцидент меѓу некои млади луѓе во Тетово, искористен од портали блиски до ДУИ и Левица, е намерно пренадуен, за да се поттикне поделба и страв. Додека граѓаните бараат стабилност, на фотографија што кружи во јавноста, пратеникот на ДУИ Муса Џафери се гледа како седи на маса со пратеникот на Левица, претставник на најантиалбанската, проруската и дестабилизирачка партија во земјата. За какви планови се разговарало таму? Кој ја нарачал таа средба и со која цел?

Сето ова се случува во клима каде што функционер на ДУИ во општина Шуто Оризаре е под истрага за намерно подметнување пожар, кога во неговата куќа се пронајдени запаливи материјали и сериозни докази, што покренуваат сериозни сомневања за акти на саботажа со тешки последици за жителите. Сите овие настани не се изолирани, тие се дел од опасна стратегија на ДУИ, во тивка соработка со Левица и Данела Арсовска, да предизвика хаос, да го врати стравот и ДУИ конечно да си произведе за себе политичко алиби.

Ова се опасни игри, кои можат да ја поткопаат меѓуетничката стабилност, претставувајќи закана за соживотот и стабилноста на земјата! Вреди ја повикува меѓународната заедница, амбасадите и меѓународните организации внимателно да ја следат оваа намерна и штетна стратегија, да истражат секој случај и да ги спречат криминалците и поттикнувачите на омраза, кои се кријат зад политички знамиња.

Нема да дозволиме заради своите криминални интереси ДУИ да ги користи Албанците како штит, за да ги спасат своите кариери и нивната корупција. Вреди секогаш ќе стои на страната на граѓаните, законот и стабилноста! – истакнува коалицијата Вреди во своето соопштение, пренесено од ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Најнови вести

To top