Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекуваат низ земјава, додека на повисоките планински подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег со послаб интензитет, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од околу 0 степени во Маврово до 7 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 6 степени во Маврово до 16 степени во Гевгелија.
Во недела се очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, при што утринските температури ќе бидат од -1 до 8 степени, а дневните од 14 до 21 степен.