Македонија

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на ЕЕС влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој во согласност со правилото 90 дена во период од 180 дена, со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

МВР известува дека од страна на граничната полиција на Македонија се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, заради обезбедување брз и непречен протек на патници на нашите гранични премини.

Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, постојано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, се наведува во соопштението од МВР.

Најнови вести од: Македонија

250.000 евра грант од Шпанија за изградба на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Грант од 250.000 евра ќе биде почетната финансиска поддршка за подготовка на нов инфраструктурен проект на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Средствата ги обезбедува Шпанија преку Шпанската сметка за социјална кохезија, со која управува Развојната банка на Советот на Европа – ЦЕБ.

To top