Свет

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

 

Високата владина делегација ја предводена министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност“, се вели во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму наведуваат дека со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко.

Муцунски на чело на висока владина делегација на втора средба во Вашингтон за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД

Муцунски неодамна во интервју посочи дека ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон.

Изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Најнови вести од: Свет

Иран го отфрла предложениот план за прекин на огнот

Иран го достави својот одговор на предлогот на САД за прекин на војната преку Пакистан, во кој го отфрли предложеното привремено примирје од медијаторите и ја нагласи потребата од трајно прекинување на непријателствата

To top