Актуелниот претсдател на ССМ Слобдан Трендафилов посочи дека од 2017 година биле одржани конгреси и во 2020 и 2023 година и дека доколку сакал Митрески можел да се кандидира. Одлуката на Граѓанскиот суд донесена во февруари годинава, со која се потврдува дека Живко Митрески во 2017 година е нелегитимно сменет од функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, актуелното раководство на ССМ ја гледа како обид да бидат институционално замолчени.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција посочи дека оваа пресуда е втора иако Апелациониот суд минатата година ја укинал првичната пресуда со цел да се утврди дали има правен основ за водење на постапка против починато лице.
- Сметаме дека жалбата којашто е поднесена во текот на вчерашниот ден повторно ќе биде прифатена од страна на Апелациониот суд кој уште еднаш ќе утврди дека Основниот суд не постапил по неговите напаствија. Тоа што е клучно е дека согласно меѓународните конвенции на МОТ, синдикатите имаат целосна слобода да ги креираат статутите, актите и документи и да вршат избор на луѓето кои ќе бидат нивни претставници – истакна Трендафилов.
Трендафилов посочи дека од 2017 година одржани се конгреси и во 2020 и 2023 година и дека доколку сакал Митрески можел да се кандидира.
- За жал, не го сторил тоа. Ако некој смета дека во Македонија може да се поставуваат членови односно претседатели по желба на неколкумина. Жалосно е што сега се обидуваат и по институционален пат да го замолчат ССМ затоа што протестираме и бараме зголемување на платите – рече Трендафилов.
На денешната прес-конференција, Трендафилов информираше дека согласно одлуките донесени на највисоките тела на синдикатот, годинава Меѓународниот ден на трудот ќе биде одбележан со протест под мотото „Се бориме за зголемување на платите, а не се молиме“. Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом, а со него повторно ќе се бара зголемување на минималната плата и на сите останати плати.