Македонија

Мемов: Пензискиот фонд никогаш нема да колабира

Граѓаните да бидат сигурни затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно владата

 

Нема држава во ЕУ која нема дефицит и сите имаат потреба за трансфери, освен скандинавските земји, но и тие не се класични пензиски фондови, туку инвестициски фондови, изјави директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов.

Најважно е , вели тој, законодавецот да ги стимулира работодавачите да плаќаат придонеси бидејќи се намалува соодносот работници-пензионери. Сега тој изнесува 1,64 вработен на еден пензионер, а во 2016 изнесувал 1,86. Од 2019 година континуирано се намалува.

Мемов вели дека пензии ќе има иако Фондот се соочува со проблеми и недостиг на средства.

„Граѓаните да бидат сигурни дека пензискиот систем никојпат не може да колабира во една држава, затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно владата. Тоа е и содржано во Законот за ПИО. Така да граѓаните треба да бидат смирени и сигурни дека пензии ќе се исплаќаат во една држава, односно во Република Македонија се додека постои државата – рече Мемов во гостување на ТВ Телма.

Тој додава дека трансферите од државата кон пензискиот фонд се зголемуваат секоја година, бидејќи се намалуваат приливите, а бројот на пензионери и пензиите се зголемуваат.

„Граѓаните знаат дека за една и пол година, односно од септември 2024 до први април 2026 година пензиите се зголемени за 7.000 денари секој месец, номинално во вкупниот износ е повеќе за 36%. Просечната пензија за година и пол е покачена за скоро 40%, а минималната пензија е покачена за 68%, од 13..200 денари на 20.888 денари“,  објасни тој и додаде дека од септември повторно ќе се применува швајцарскиот модел на усогласување на пензиите.

Во однос на износот на трансферите Мемов рече дека за 2026 година тие се планирани на 62,8 милијарди денари, што е приближно една милијарда евра. Како што објасни, од нив околу 30 милијарди денари всушност се користат за исплата на покачените пензии во износ од 7.000, околу 13,7 милијарди денари за здравствено осигурување и 19,6 милијарди денари за транзициски трошоци кон пензиските друштва од вториот столб.

Мемов вели дека не постои унифициран пензиски модел кој може да се преслика и секоја држава си прави сопствен, пишува Плусинфо

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top