Македонија

Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел. На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.   „Во […]

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.

На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.

 

„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.
БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

 

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Македонија меѓу побезбедните држави во светот според „Мапата на опасности за 2027“ на „Глобал гардијан“ од САД

Македонија и останатите земји од Западен Балкан се наоѓаат во категориите со ниска до умерена безбедносна опасност, покажува Глобалната мапа на опасности за 2027 година, објавена од американската компанија за корпоративна безбедност „Глобал гардијан“.

To top