Свет

Иранците ќе наплаќаат премин низ Ормускиот Теснец во ријали

Бабаеј нагласи дека планот за Ормускиот Теснец добил едногласна поддршка од 250 пратеници

Заменик-претседателот на иранскиот Парламент, Хаџи Бабаеј, изјави дека Ормускиот Тесенц е „целосно“ под контрола на Иран и дека преминот низ овој стратешки воден пат треба да се наплатува во иранската валута – ријали.

Бабаеј нагласи дека планот за Ормускиот Теснец добил едногласна поддршка од 250 пратеници, јави „Гардијан“.

– Според одлуката на раководството, овој стратешки поморски пат под никакви услови не е предмет на преговори – изјави тој, додавајќи дека, и покрај санкциите, извозот на нафта на Иран надминал 1,6 милиони барели дневно.

– Денес нафтата на нашата земја практично е невозможно да се санкционира, а иранскиот народ нема да отстапи ниту чекор од своите барања – рече Бабаеј.

Отворањето на Ормускиот Теснец, преку која минува околу една петтина од светското снабдување со нафта, е главно барање на САД за ставање крај на конфликтот и клучен дел од условеното двонеделно примирје постигнато минатата недела со Иран. Речиси целосното затворање на теснината предизвика нагло зголемување на цените на горивата, што може да влијае врз изборните шанси на републиканците на парламентарните избори во ноември.

Американски воени претставници вчера соопштија дека нивните сили „почнале да создаваат услови за расчистување на мините во теснината“, при што два разорувачи со наведувани ракети на американската морнарица изведуваат операции во регионот.

Иран, кој ја затвори Ормускиот Теснец како одговор на американско-израелскиот напад на 28 февруари, ги демантираше тврдењата дека овие пловни објекти влегле во областа.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top