Македонија

Меџити: Чаир добива нова спортска инвестиција според стандардите на ФИФА

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, заедно со заменичката министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу го претставија проектот за реконструкција и изградба на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи. Помошното спортсо игралиште ќе има […]

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, заедно со заменичката министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу го претставија проектот за реконструкција и изградба на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи.

Помошното спортсо игралиште ќе има должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.

Според Меџити, оваа инвестиција претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.

„Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот“, истакна заменик-претседателот на Владата, Меџити, за време на презентацијата на проектот.

Најнови вести од: Македонија

Најчевска: 2001 е чин на терор според правото, сега е време да започнат постапки против водачите на терористичките групи, овие дела не застаруваат!

Професорката Мирјана Најчевска реагираше со објава на својот фејсбук-профил по коментарот на Арбен Таравари дека „УЧК и нејзините борци не се терористи“ и неговото барање „веднаш да се смени натписот“ на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ за загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Најнови вести

To top