Македонија

Професионален пристап за кариерен развој на основците од Карпош

Општина Карпош

​Општина Карпош е првата локална самоуправа во Македонија, која во соработка со Асоцијацијата насоветници за развој на кариера (АСК), ќе започне сореализација на проектот „Кариерен избор без ограничување“, кој е насочен кон зајакнување наинституционалните капацитети во основните училишта на своја територија. Целта на оваа иницијатива е системскоинтегрирање на родово–сензитивното кариерно советување,во наставата и воннаставните активности. По тој повод, градоначалникот Сотир Лукровски, Секретарот Мирјана Пехчевска и претставници од општинската администрација, минатата недела одржаа координативен работен состанок со кариерниот советник од АСК, Славица Тасева, која ги запозна присутните со бенефитите од проектот кој наскоро ќе биде реализиран.

​Имено, станува збор за проект кој опфаќа дводневнаобука на 30 училишни претставници (педагози, психолози, дефектолози и наставници) од сите 10 основни училишта воопштина Карпош. Откако ќе учествуваат во интерактивните обуки, наставно-педагошкиот кадар ќе работи учениците од осмо и деветто одделение, помагајќи им да ги надминат родовите стереотипи и самостојно да донесат адекватна одлука при изборот на своето понатамошно образование икариера. Во таа насока, проектот предвидува и модел–работилница за родителите на идните средношколциод Карпош, кои ќе се информираат и потоа ќе ги советуваат своите деца при нивниот избор на понатамошното образование и развојна кариера. Општина Карпош и понатаму ќе поддржува вакви иницијативи, на начин што ќе ги поттикнува помладите жители да ги реализираат своите амбиции и да ги развиваат своите креативни потенцијали.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top