Македонија

Тошковски во САД: Македонија препознаена како доверлив и оперативен безбедносен партнер (ВИДЕО)

Фокусот на разговорите беше ставен на борбата против трговијата со луѓе, нелегалната трговија со дрога, транснационалниот организиран криминал, зајакнувањето на граничната безбедност, како и справувањето со тероризмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД, процес од исклучително значење за унапредување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните.

Министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, заменик-помошник државен секретар и директор на Diplomatic Security Service (DSS), со Кристофер Г. Раја, заменик-директор на ФБИ, со Грегори Дукот, директор на ICITAP, како и со Дејвид М. Бедард, заменик-помошник државен секретар од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот.

На средбите беше констатирано дека Македонија е препознаена како доверлив и оперативен безбедносен партнер на Соединетите Американски Држави, со кој соработката се продлабочува во конкретни области од заеднички интерес.

„Овие средби испраќаат јасна порака дека Македонија е препознаена како доверлив партнер на САД, со кој се гради продлабочена и конкретна соработка во клучните безбедносни области”, истакна министерот Тошковски.

Фокусот на разговорите беше ставен на борбата против трговијата со луѓе, нелегалната трговија со дрога, транснационалниот организиран криминал, зајакнувањето на граничната безбедност, како и справувањето со тероризмот.

Посебно беше нагласена континуираната поддршка преку програмата ICITAP за Министерството за внатрешни работи, особено во делот на јакнење на институционалните капацитети, обуките и модернизацијата, вклучително и унапредување на работата на полициската академија.

„Поддршката од нашите американски партнери, особено преку ICITAP, има клучна улога во модернизацијата на полицијата и зајакнувањето на нашите капацитети за справување со современите безбедносни предизвици”, нагласи Тошковски.

Оваа посета уште еднаш ја потврдува стратешката определба за продлабочување на партнерството со Соединетите Американски Држави и за заедничко справување со безбедносните предизвици, при што во наредниот период се очекува дополнително интензивирање и зајакнување на соработката на сите клучни полиња.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top