Македонија

Мартенс открива што се добива кога ќе загребете под кожата на бугарски интелектуалец прашан за Македонија

Кога е во прашање Македонија бугарските либерални интелектуалци не можат да го скријат национализмот

Еден од најдобрите европски познавачи на Југоисточна Европа, смета дека кога е во прашање Македонија сите навидум либерални бугарски професори, членови на академијата, истражувачи или генерално интелектуалци се националисти.

Допианикот на Франфуртер Алгемајне Цајтунг Михаел Мартенс открива дека зад јавниот имиџ на либерали кај бугарските интелектуалци всушност се наоѓа тежок нациоанализам кога е во прашање Македонија.

,,Изгребете некој либерален бугарски академик, и за Македонија често ќе најдете бугарски националист под него”, пишува Мартенс.

Мартенс не открива врз основа на што го објавува својот став за бугарските припадници на академијата кругови но не е тешко да се претпостави дека тој водел разговори со луѓе во Бугарија кои се претставуваат како либерали но кога е во прашање Македонија со чесни исклучоци тие се тешки националисти.

Најнови вести од: Македонија

„МКД.мк“: Филозофски факултет запишувал магистранти и докторанти без завршени додипломски и им наплаќал од 2 до 6 илјади евра?!

„Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите. Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите. Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.“ – објави информативниот портал „МКД.мк“ во својата статија со наслов „Филозофски факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски “.

„Курир“: Скандал на Заевци и неговата судска банда – октроираниот Апелациски суд го одби барањето на уставобранителите и нема да има ново судење за 27 април!?

„Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува како школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.“ – пишува информативниот портал „Курир“. во својата статија со наслов „Нов судски резџил: Апелација го одби барањето на уставобранителите – нема да има ново судење за 27 април!?“

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина

Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер

Апелација не дава ново судење за „27 април“

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието

Најнови вести

To top