Апсурдно тврдење на бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев кое ја открива бугарската опседнатост со Македонците и во исто време покажува дека Софија нема никаква намера да го тргне ветото за Македонците.
Во интервју за бугарски подкаст Ковачев вели дека Македонците сега можат да кажат дека се Македонци но не смеат да тврдат дека нивните дедовци и баби се Македонци.
Според Ковачев, кој всушност ја открива официјалната бугарска позиција, сите дедовци, прадедовци баби и прабаби на Македонците се Бугари.
За нив и за сите важни личности, според Ковачев, треба да решава заедничката македонско – бугарска историја, во која Бугарите инсистираат сите големи македонски ревилуционери да бидат прогласени за Бугари.
Апсурдното тврдење на Ковачев на 22 минута од видеото
Најчитани вести
Кој стои зад нападот врз Еврејската заедница на Македонија
Терористичка група презеде одговорност за нападот на Еврејската заедница на Македонија