Македонија

Терористичка група презеде одговорност за нападот на Еврејската заедница на Македонија

Кој го извршил нападот на Еврејската заедница на Македонија

Терористичка група блиска на Техеран ја презела одговорност за нападот на Еврејската заедница на Македонија тврди профилот Опен Сорс Интел кој има 1,3 милиони следбеници на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Профилот кој врши мониторинг на јавни извори на информации пренесува дека групата поврзана со Иран, Ашаб ал-Јамин, ја презела одговорноста за два напада врз еврејски места.

Едниот инцидент беше обидот за палење на синагогата и Центарот на еврејската заедница во Македонија а вториот е напад на 10 април врз ресторан во Минхен, каде што беа скршени прозорци и фрлени пиротехнички средства внатре.

И двата напада беа објавени од локалните медиуми во Германија и Македонија, пренесува профилот.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top