Првичните резултати од бугарските парламентарни избори покажуваат дека партијата на екс претседателот Румен Радев „Прогресивна Бугарија“ е во убедливо водство пред другите партии.
Според резултатите од државната изборна комисија Радев води со околу 45 проценти од гласовите.
Тој засега има 139 пратеници од вкупно 240 во бугарскиот парламент и ќе има апсолутно мнозинство.
Партијата на поранешниот претседател Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“ (проруска) — 45,4 проценти
ГЕРБ на Бојко Борисов има 13,3%
„Продолжуваме со промената — Демократска Бугарија“ (проевропска) — 12,1%