Бизнис

Живејачката поскапува, платите не стигаат – само за храна месечно одат 26.000 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари, што е зголемување од 979 денари во однос на март, кога таа изнесуваше 67.818 денари, информираше ССМ. Ако семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните трошоци за живот за април достигнуваат 84.172 денари. Според ССМ, за периодот од јануари до април 2026 година, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари, што укажува на континуирано поскапување.

Живејачката во Македонија продолжуваат да оди на горе и сè повеќе се чувствува тоа во секојдневието на граѓаните. Последните податоци за синдикалната минимална кошница покажуваат дека за пристоен живот е потребен сè поголем месечен буџет, што претставува сериозен предизвик за голем дел од домаќинствата. Вредноста на синдикалната минимална кошница во април изнесува 68.797 денари, што претставува зголемување од 979 денари во однос на март, кога таа изнесуваше 67.818 денари. Податоците покажуваат дека продолжуваат да растат трошоците за живот, при што за периодот од јануари до април 2026 година, минималната кошница е зголемена за вкупно 3.305 денари.

Ако се пресметаат и трошоците за изнајмување стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната кошница во април достигнува 84.172 денари месечно.

  • Најголем дел од трошоците на едно домаќинство и натаму се однесуваат на храната и пијалаците, за кои се издвојуваат 26.085 денари или 37,9 проценти од вкупната кошница. Следуваат образованието со 7.192 денари (10,5 проценти), како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и за греење со 6.338 денари (9,2 проценти). За облека и за обувки месечно се издвојуваат 6.129 денари, додека за рекреација и култура – 5.592 денари. Трошоците за транспорт изнесуваат 4.961 денар, а за ресторани и хотели – 4.131 денар. За комуникации се предвидени 3.417 денари, за лична хигиена и за хигиена во домот 2.667 денари, додека за здравје се издвојуваат 1.185 денари. Најмал удел во кошницата имаат другите стоки и услуги со 1.100 денари или 1,6 проценти.

Ако се земе предвид пресметката со изнајмен стан, трошоците за домување (станарина, вода, електрична енергија и греење) достигнуваат 21.713 денари, што значително го зголемува вкупниот месечен буџет потребен за едно домаќинство.

Овие податоци укажуваат на континуиран раст на животните трошоци и на дополнителен притисок врз домашниот буџет. Доколку продолжи ваквиот тренд, сè повеќе граѓани ќе се соочат со тешкотии во одржувањето на основниот животен стандард, што отвора прашања за потребата од мерки за ублажување на ценовниот удар и подобрување на економската состојба.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Македонија и Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки и засилена внимателност во услови на глобални ризици

Гувернерот Славески ја истакна определбата на Народната банка за водење претпазлива, конзистентна и кредибилна монетарна политика, која е насочена кон одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност во услови на засилена глобална волатилност и неизвесност.

ММФ: Народна банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка активно придонесува кон иницијативата на ММФ за проширување на СДДС плус стандардот. Во таа насока, од јануари 2026 година започна редовна дисеминација на дополнителен индикатор, кој се однесува на показателот за нето-отворена девизна позиција во однос на капиталот, на Националната страница за стандардни податоци (NSDP).

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

Гледајќи напред продолжуваме со јасна визија да создаваме можности, да поттикнуваме иновации и да обезбедуваме работна средина во која знаењето и талентот се препознаваат и се вреднуваат

To top