Македонија

Средба Мицкоски – Витакер: Македонија и САД го продлабочуваат сојузништвото

Македонскиот премиер се сретна со американскиот постојан претставник во НАТО

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со Метју Витакер, постојан претставник (амбасадор) на САД во НАТО, на која уште еднаш беа нагласени сојузништвото и соработката меѓу двете земји.

„На средбата разговаравме за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети во насока на унапредување на регионалната и глобалната стабилност. Ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко делување во одговор на современите безбедносни закани.

Изразив благодарност за силната и континуирана поддршка од страна на Соединетите Американски Држави и ја потврдив нашата посветеност кон вредностите и обврските како членка на НАТО“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top