Македонија

УЈП: До 27 април поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие новодоспеаниот ДДВ долг, наведува УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026.

-Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие новодоспеаниот ДДВ долг, наведува УЈП и упатува на следната веб страница https://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki.

Најнови вести од: Македонија

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти наидува и на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

Најнови вести

To top