Регион

За албански министер македонските Албанци се идиоти

Се бара оставка од министерот заради навредите кон Албанците во Македонија

Пратениците на Демократската партија, Белинда Келичи и шефот на нивната пратеничка група во албанскиот парламент, Газмент Барди тврдат дека во порака од групна комуникација на социјалната апликација WhatsApp во шефот на албанската дипломатијата – Ферит Хоџа, ги нарекол Албанците во Македонија ,,идиоти”.

Според пораката Хоџа за Албанците во Македонија вели: „Што велат тие албански идиоти“.

Од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија категорично ги негираат ваквите обвинувања.

Според портпаролот на Министерството, Алтео Хиси, публикациите дистрибуирани денеска на социјалните мрежи се невистинити и немаат никаква врска со реалноста.

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top