Мажот осомничен за пукањето на новинарската вечера во Вашингтон пред полицијата признал дека неговата цел биле американски функционери присутни на настанот, објави Си-Би-Ес.
Според американските власти, 31-годишниот Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес ќе се појави пред суд во понеделник, каде ќе се соочи со сериозни кривични обвиненија.
Окружната обвинителка Џенин Пиро соопшти дека против Ален се поднесени две обвиненија:
- употреба на огнено оружје при насилно кривично дело,
- напад на федерален агент со опасно оружје.
Ален е идентификуван како предавач и програмер на видеоигри во Јужна Калифорнија. Тој дипломирал машинство на престижниот Технолошкиот институт во Калифорнија (Калтех) во 2017 година, а минатата година стекнал магистерска диплома по компјутерски науки. Како студент, бил забележан во медиумите поради развој на прототип на сопирачка за инвалидска количка.
Според податоците на Федералната изборна комисија, во октомври 2024 година донирал 25 долари за претседателската кампања на Камала Харис.
Полицијата на Вашингтон соопшти дека осомничениот бил гостин во хотелот каде што се одржувала вечерата, што дополнително отвора прашања за можни безбедносни пропусти на еден од најобезбедуваните настани во земјата.
Мотивот за нападот засега не е официјално утврден, а истрагата продолжува.