Хроника

Два автомобили целосно изгореа на паркинг во скопски Карпош (ВИДЕО)

Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот.

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти.

Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис.

Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле паркирани десетици автомобили, што дополнително ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле.

Жителите од околината изразуваат сомнеж дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините.

Во непосредна близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но нема информации за евентуално загрозување на објектот.

Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top