Македонија

Македонката која нѐ однесе по ѓаволите или како Златев ја ,,уништи” Секуловска

Престанете да не труете со поделби и лажни вести – пред да напишете нешто, барем научете англиски, албански и да користите Google

Во пост со наслов ,,Македонката која нѐ однесе по ѓаволите”, уредникот на Радио Лидер прави деконструкција на лажните вести на новинарката на ТВ24 Биљана Секуловска.

Златев реагира на текст на Секуловака и предупредува дека лажните вести сериозно влијаат на создавањето на дезинтеграција на општеството и секогаш играат на создавање на меѓу-етнички тензии.

,,Особено страшно кога истите доаѓаат од новинари со долго работно искуство. Дезинформациите се сериозна хибридна алатка, која често се користи од странски сили (првенствено Русија и Кина), за да се создава нестабилност во западните општества”, пишува Златев.

Тој објаснува дека новинарката Билјана Секуловска, напишала колумна насловена „Албанецот кој нѐ однесе на Месечината“ во која на еден крајно ригиден начин тврди дека македонските медиуми биле етно-шовинистички затоа што не извествувале за учеството на Албион Реџепи во мисијата на НАСА, Артемис II, со која астронаути летаа околу месечината.

Секуловска ја почнува својата колумна со следниот пасус:

„Ако напишете на Гугл Албион Реџепи на кирилица, не добивате ништо. Првата вест е за Тетово, дека за еден месец, полицијата изрекла шест казни. Потоа следат вести за македонската и косовската репрезентација во фудбал, за македонска Албанка која е џудистка, итн. Ништо за Албион Реџепи.“.

,,Напишаното е точно, но само доколку сте неписмен во транскрипција на албанските имиња на кирилица. Албон е Албанец а не Шкотланѓанец, па така доколку на кирилица напишете Албон Реџепи ќе ви излезат десетици статии на македонски медиуми за достигнувањата на нашиот сограѓанин. Еден од текстовите има прекрасен наслов „Од Чегране до Месечината“.

Доколку напишете Албион, нормално дека нема да ви излезе ништо, затоа што Албион не е името на нашиот сограѓанин туку е старо-келтски назив за Велика Британија.

Од овде почнува лажната вест. Се тврди дека нема статии за неговите постигнувања, иако има десетици статии”, забележува Златев.

Понатаму, Златев пишува дека во текстот авторката го портретира Албон како вработен во НАСА и врвен научник кој нашата цивилизација повторно ја однел на месечината, што сепак не е точно.

,,Не ги спорам неговите достигнувања како бизнис лидер, но, реалноста е дека овој наш сограѓанин не работи во НАСА, не е физичар, инженер или астронаут и не го однел светот на месечината. Доколку направите проверка, ќе дознаете дека тој всушнот работи како операциски офицер во компанијата DEWETRON Inc, која во САД има дваесетина вработени и произведува high-precision data acquisition systems, сензори, системи за мерење на вибрации, температура, перформанси и стабилност на компоненти”, пишува Златев кој вели дека проверката која ја направил покажува дека компанијата во која работи Албон е ангажирана од НАСА, за сосем мала техничка компонента во мисијата Артемис 2, за што и се платени скромни околу 130.000 долари (целата мисија чини приближно 4 милијарди долари).

,,Значи, Албон не нѐ однесе на Месечината, туку некок друг. Албон не е ни физичар, ни инженер, туку е дипломиран економист кој како менаџер во оваа мала компанија бил поканет да ја следи мисијата.

Не ги оспорувам неговите лични професионални достигнувања, само сакам да ви кажам дека неговото портретирање како научник од НАСА е лажна вест.

Понатаму, Билјана Секуловска во неколку стотини зборови тврди колку ние македонците сме затуцани, шовинисти и одвратни затоа што не го славиме Албион (кој се вика Албон) и дека нашите медиуми се заостанати и прости.

Пак ќе кажам, браво за човекот и неговите лични достигнувања. Но, да кажеш дека тој нѐ однел на месечината е исто како да кажеш дека јас сум нобеловец, само затоа што сум завршил на Универзитет кој на светот му дал дваесетина нобеловци. Едноставно, тоа е лага”, стои во реакцијата на Златев.

На поентата на Секуловска:

„Збогум, Албион Реџепи, збогум на сите млади луѓе, не враќајте се, затоа што нема иднина ниту за нас, најмалку за вас, никогаш за таквите како вас.“.

Златев одговара:

„Збогум, Билјана Секуловска, збогум заостанати новинари. Престанете да не труете со поделби и лажни вести. Пред да напишете нешто, барем научете англиски, албански и да користите Google. Во новите времиња нема место за таквите како вас, туку за оние како Албон кои се мобилни и создаваат додадена вредност во општествата.“.

Линк до колумната на Секуловска: https://25minuti.platform.mk/2026/04/25/%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D1%90-%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/?fbclid=IwZnRzaARa225leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAo2NjI4NTY4Mzc5AAEeXU3-Mj-88BWU9I8PMs1AmCHV41Vl1cG0HHslxFRnYkV-9iHoD-fLu5kuAL4_aem__9B3MEHAWN7Dpi71AhYDRQ

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top