Македонија

Русковска може да почувствува како е да се живее во Идризово како затвореник

Контроверзната обвинителка која што испрати десетици луѓе на долга робија сама се наоѓа ,, пред портите на Идризово”

Јане Ченто најавува поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април.

Според иницијалите што ги споменува, станува збор за Вилма Рускоска.

,,Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката”, се наведува во најавата.

Во најавата Ченто наведува дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

,,Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто”, се вели во најавата.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ ќе ги бојкотира следните парламентарни избори, тврди екс партиски другар на Филипче

Мемов тврди дека техничката влада ќе важи за следните избори и ја обвинува опозицијата за ширење лаги и ги повикаа пратениците и членовите на СДСМ да не ги следат деструктивните сценарија на раководството кое, според нив, ужива во луксузни јахти и златни визи.

To top