Македонија

Скопјани за само 100 дена ќе се возат со градски воз

Три позитивни последици од проектот на вицепремиерот

Вицепремиерот Александар Николоски најави пакет проекти во железничкиот и јавниот превоз, меѓу кои набавка на нови локомотиви, нови возови и старт на првата линија од Градскиот воз во Скопје на 1 септември.

Според него, МЖ Транспорт веќе потпишал договор со компанијата ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, додека паралелно се работи со Светска банка за обезбедување нови патнички возови.

Најавите се дел од поширока стратегија за модернизација на јавниот превоз, во која централно место има проектот за Градски воз.

„Ова е еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем. Прво многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ ќе го смени системот на живот во приградските населби и трето ќе воведе една култура на помалку користење на возила и повеќе користење на воз и најважното ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме“, изјави Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Министерот Велковски го отвори новиот Центар за лица со попреченост во Кочани

Новиот Центар за лица со интелектуална и комбинирана попреченост е сместен во Комплексот „АСНОМ“ во простории кои претходно беа руинирани и напуштени. Општината комплетно ги реновираше

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

To top