Македонија

Јанкуловски: ЕУ е како Советскиот Сојуз во 1991 – на работ на колапс!

„Затоа не изненадува многу мемето (духовитата досетка), што кружи веќе некое време во ЕУ – „ЕУССР“. ЕУ почнува да личи на Советскиот Сојуз. Постојат многу заеднички точки меѓу Европската Унија и Советскиот Сојуз.“ – пишува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна, која ја објави информативната агенција Нетпрес.

Натаму, покрај другото,  Јанкуловски истакнува: Вака пишуваше Џорџ Сорос пред седум години во време на европските избори кога анти-ЕУ силите беа во пораст. Ги повикува оние кои сакаат да ги зачуваат вредностите на Унијата да се разбудат. Сорос ќе напише: „Европа месечари во заборав и нејзините луѓе треба да се разбудат пред да биде предоцна. Ако не го сторат тоа, Европската Унија ќе тргне по патот на Советскиот Сојуз во 1991 година“. Не толку одамна, Брисел изгледаше како нова „Москва“ и за политичари како Марин Ле Пен, Џереми Хант или Најџел Фараж. Ваквата споредба која изгледа како фантазмагорија ја навестил поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, кој еднаш рекол: „Најзагадочниот развој во политиката во текот на последната деценија е очигледната решеност на западноевропските лидери повторно да го создадат Советскиот Сојуз во Западна Европа“.

Седум години подоцна, со оглед на неодамнешниот развој на Европската Унија, ситуацијата со Унијата изгледа многу полоша од времето кога Сорос бараше да се разбуди. Изгледа дека посериозната закана за Европа доаѓа одвнатре, а не однадвор. Затоа не изненадува многу мемето што кружи веќе некое време во ЕУ – „ЕУССР“. Импликацијата е, секако, дека ЕУ почнува да личи на Советскиот Сојуз. Иако ова може да звучи како лоша шега на прв поглед, всушност, постојат многу заеднички точки меѓу Европската Унија и Советскиот Сојуз.

Европа почнува да страда од истата централизациска болест како и Советскиот Сојуз; со центар премногу некомпетентен и премногу незаинтересиран за навистина да ги претставува и брани интересите на европските народи. Малкумина денес би негирале дека ЕУ сега има и „номенклатура“ од советски тип; нова класа „еврократи“ кои исто така уживаат правен имунитет, високи плати и привилегии што ги одделуваат од општата популација. Со нив доаѓа и ароганцијата, корупцијата, административната неорганизираност и бирократската некомпетентност на ЕУ, кои се неизбежни со секој обид за централизирање на политичката моќ. Затоа, исто како и комунистичкиот експеримент што ја пропадна Русија, постои и можност идната „советизирана“ ЕУ да ја доживее истата судбина. Затоа е потребно итно да се дејствува сега, за да се запре понатамошната „советизација“ на Европската Унија и да се врати на едноставното почитување на принципите на четирите слободи.

Нормално, со стравот од можната „советизација“ на Унијата доаѓа и одбивањето да се прифати понатамошното ширење на Европската Унија, кое велат: доколку „продолжи неконтролирано и не запре, ќе ја распадне во исцрпеност Унијата, слично како доцниот Советски Сојуз“. Ништо охрабрувачко за нашиот пат кон Eвропската Унија. Сепак, реалноста е дека ЕУ не може и не смее да биде „новиот Советски Сојуз“, но опасноста демне. Европа, за која пишуваше Сорос и која бараше да се разбуди се уште спие. Крајно време е да се разбуди – секако подобро e да се разбуди со нас, отколку без нас, истакнува Звонимир Јанкуловски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Најнови вести

To top