Македонија

Вајц: Македонија бележи напредок, интервјуто за бугарска ТВ е старо

„Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Без малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, да за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа“, кажа известувачот за Македонија во ЕП во интевју за Канал 5

Фото: Европски парламент
Фото: Европски парламент

 

Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц во изјава за ТВ Канал 5.

Тој е изненаден зошто токму сега било објавено интервјуто дадено за бугарска телевизија кое било снимено пред повеќе од седум недели.

Според него, изјавите во кои се зборува (во тоа интервју) дека земјата нема напредок во реформите се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба.

Во тоа интервју,  дадено за „Еуроњуз Бугарија“ Вајц вели дека во последната година земјава не постигнала никаков напредок во спроведувањето на реформите. Тој повтори дека впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав е неопходен чекор и услов за откочување на преговорите за членство во Европската Унија, но за да започнат вистинските преговори, како што рече, владата мора да ги спроведе реформите.

„Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката за моментумот на почетокот на март“,објаснува известувачот за Канал 5.

Вајц додава и дека е изненаден што интервјуто е објавено токму пред неколку дена.

„Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Без малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, да за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа“, кажа Вајц во интевју за Канал 5.

Вајц вели дека Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни.

Во интервјуто за Канал 5, кое ќе биде објавено во текот на денешниот ден, Вајц зборува за извештајот за напредокот на Македонија во европскиот парламент, но и за амандманот кој тој самиот го поднесе за да се направи јасна дистинкција дали протоколот потпишан со Бугарија е дел од преговарачката рамка на земјава.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top