Македонија

Македонци не сакаат бугарско знаме на споменикот на Јане Сандански (ВИДЕО)

Многу добро знаат по чија наредба, на 22 април 1915 година на Пирин планина, бил убиен македонскиот великан

На годинешново одбележување на годишнината од погибијата на македонскиот револуционер Јане Сандански, Македонцие од Пиринска Македонија изразија незадоволство од поставувањето бугарско знаме на споменикот на „Пиринскит цар“.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како како неколку лица со македонск знаме со ѕвездата од Кутлеш, застануваат пред споменкот, додека во позадина едно лице се обидува да го симне бугарското знаме со кое е обвиткан долниот дел од споменикот на Сандански.

„Тие многу добро знаат дека македонскиот великан беше убиен токму по наредба на бугарскиот двор“ стои во видеото споделено од „Егејски глас“…

На 22 април, традиционално беше одбележана годишнина од смртта на Јане Сандански.

Сандански (1872–1915) беше водач на Серскиот револуционерен округ и борец за автономна Македонија. Познат по борбата против турската власт и врховистичките влијанија, тој остана симбол на македонското револуционерно движење.

Имало неколку обиди за негово убиство, но тој продолжил да се бори за идејата „Македонија на Македонците“

На 22 април 1915 година, на Пирин планина, беше кукавички убиен во заседа.

Сепак неговата идеја „Слободна и автономна Македонија“ остана…

 

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top