Македонија

Близок соработник на Филипче го понижи Гоце Делчев

Навреди за Гоце Делчев и сите Македонци кои го почитуваат неговото дело како столб на македонската нација и држава

Во подкаст на медиум кој важи за близок на бугарите во Македонија близок соработник на лидерот на СДСМ Венко Филипче го понижи апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Рубин Земон кој од неодамна на предлог на Филипче стана дел од највисокото партиско тело на СДСМ тврди дека Гоце Делчев бил мит кој нема никаква вредност за Македонците.

Земон кој е Еѓипќанец за Делчев вели дека не напишал ниту една книга и не водел воени дејствија и затоа не е важен за македонската историја.

Во дебатата на подкастот кој е дел од бугарските пропагандни механизми во Македонија Земон прави говор на омраза кон сите кои Гоце Делчев го чувствуваат како столб на модерната македонака нација.

Во подкастот Земон додека зборува за Делчев потценувачки се смее и вели дека за потценувањето на Гоце не може да му се случи ништо затоа што бил научник и зборувал за објективна вистина.

СДСМ засега не се оградува од говорот на омраза на својот висок партиски функционер.

Видеото во кое членот на ИО на СДСМ го понижува Гоце Делчев

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

To top