Македонија

Медицински установи во 4 града добиваат опрема вредна половина милион евра

Ехо-апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема

Современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу 500.000 долари, наменета за четири регионални болници – Гостивар, Велес, Струмица и Струга, е обезбедена во партнерство на Министерството за здравство со Проектот ХОПЕ, информираше денеска во Гостивар министерот за здравство Азир Алиу.

Станува збор за ехо апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема, обезбедена како резултат на долгорочното партнерство во проектот Перимак.

Вредноста на опремата наменета за Општата болница во Гостивар изнесува околу 130 илјади американски долари.

„Оваа опрема има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници. Нашата определба е регионалните болници да бидат силни, функционални и добро опремени. Затоа, секоја ваква поддршка ја гледаме како дел од пошироката политика за подостапно и поквалитетно здравство во целата држава’, изјави министерот Алиу и упати благодарност до Проект ХОПЕ за континуираната поддршка.

Најнови вести од: Македонија

Филков: Изгубената партија СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство и само на збор се залага за европска иднина!

Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. „Ова е доказ дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно. – нагласи Филков.

Манасиевски: Изјавата на Земон дека „Делчев не е битен за македонскиот идентитет“ е потврда дека на СДС не им е гајле за Македонија, за македонскиот народ и идентитет! (Видео)

„Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Ова не е личен став само на Филипче, туку е образец на СДС. Околу ова СДС постојано тежнее: кон релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она, за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале. По ова јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.“ – истакнува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ, изнесувајќи ја острата реакција на оваа партија по контроверзната изјава на Рубин Земон во разговор со бугарскиот новинар Атанас Величков, професорот Иван Динев Иванов и водителот на потпоткастот „Коридор 8“ Георги Станков.

Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажува вистината

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги отфрли критиките дека Владата не спроведува европски реформи, оценувајќи дека напредокот не се мери со субјективни изјави, туку со мерливи факти и резултати.

To top