Бизнис

Македонското стопанство во грч – пазарите под удар на страв од нова ескалација

Цената на нафтата Brent crude oil надмина 125 долари за барел, додека азиските берзи забележаа пад, под притисок на новите геополитички тензии и неизвесноста околу конфликтот меѓу САД и Иран. Јунските фјучерси на Брент пораснаа за 6,2 проценти на 125,36 долари, додека американската сурова нафта достигна 109,38 долари за барел.

Поскапата нафта, директно ќе влијание врз цената на транспортот, алармира стопанството. Со поскапувањето на горивата, превозните компании ќе мора да ги покачат цените на услугите, што ќе доведе до поскапување на крајниот производ. Растот на трошоците за транспорт ќе се одрази на сите сектори, бидејќи тој е клучен за дистрибуција. И експертската фела е загрижена за состојбата на Блискиот Исток. Професорот Борче Треновски вели дека мора да сме спремни на се.

Во меѓу време, Европската Унија губи по 500 милиони евра дневно, Брисел бара брза енергетска мобилизација. Според претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за само два месеца, сметката на ЕУ за увоз на фосилни горива се зголемила за повеќе од 27 милијарди евра, без Унијата да добие дополнителни количества енергија. Државните резерви за гориво и за струја се стабилни. Ризици постојат, но ако треба, државата е подготвена за повеќе системски мерки.

Инаку, цената на нафтата Brent crude oil надмина 125 долари за барел, додека азиските берзи забележаа пад, под притисок на новите геополитички тензии и неизвесноста околу конфликтот меѓу САД и Иран. Јунските фјучерси на Брент пораснаа за 6,2 проценти на 125,36 долари, додека американската сурова нафта достигна 109,38 долари за барел. Само пред почетокот на конфликтот, цената се движеше околу 70 долари, што укажува на драматичен скок предизвикан од кризата.

Главен двигател на растот е застојот во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, како и одлуката на САД да ја задржат блокадата на иранските пристаништа и затворањето на Ормуски теснец – клучна рута за глобалното снабдување со нафта. Аналитичарите предупредуваат дека пазарот останува без јасна перспектива за брзо нормализирање.

  • „Прекинот на разговорите и одбивањето да се отвори Ормускиот теснец го оставија пазарот без надеж за стабилизација на протокот на нафта“, оценуваат стратеги од ING Bank.

Истовремено, негативното расположение се прелеа и на берзите во Азија. Nikkei 225 падна за 1,6 проценти, Kospi за 1,1, а Hang Seng изгуби 1,3 проценти. Загуби бележаа и S&P/ASX 200, Taiex и Sensex. Исклучок беше Shanghai Composite, кој забележа минимален раст, и покрај податоците за забавување на индустриската активност во Кина. Со оглед на тоа што конфликтот влегува во деветтата недела без јасен исход, пазарите остануваат чувствителни на секоја нова најава за ескалација – а цената на енергијата сè повеќе станува глобален ризик.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Народна банка со пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

„Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а истовремено се применуваат и дополнителни мерки – заострување на задолжителната резерва, повлекување ликвидност од банкарскиот систем, зголемени капитални барања за банките и построги кредитни стандарди. Овој пристап овозможува координирано делување врз инфлациските притисоци и кредитната активност“, посочи Митреска.

(Фото): Странски промет од 52 милиони евра во македонските онлајн продавници

Од АТЕМ посочуваат дека 7,3 милиони евра или 14 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 5 милиони евра од Швајцарија и 3,6 милиони евра од Германија. Потоа следат Турција со 3,4 милиони евра Ирска со 2,5, Бугарија со 1,3, Обединетото Кралство со 1,2 милиони евра и Србија со 1,1 милиони евра.

Алкалоид со раст на инвестициите од 89% во периодот јануари – март

Како докажан партнер на јавното здравство, компанијата активно учествува во обезбедувањето на најсовремени ретки и специфични терапии преку застапување на производите на светски реномирани фармацевтски производители

Неколку фирми должат речиси 59 милиони евра за даноци и придонеси

Кај најголемите должници доминира долгот по основ на ДДВ. Од вкупниот долг на првите десет фирми, 55,51 милиони евра, односно 3,41 милијарди денари, се однесуваат на ДДВ. Тоа е повеќе од 94 проценти од нивниот заеднички долг.

To top