Бизнис

Не се планира промена на акцизата за горивата, вели премиерот

Премиерот информира дека сè уште постои притисок од граѓаните од соседните држави за набавка на горива, која е зголемена за 30% и оти сè уште од кај нас со керозин се снабдуваат регионалните аеродроми.

Во овој момент не размислуваме за намалување на ДДВ-то на дизел-горивото, а преговараме со ОКТА за продолжување на попустот – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски дополни дека акцизите остануваат исти и оти Владата ќе носи одлука врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецов.

  • Дизелот веќе беше над 1.200 долари по тон, што значи тие 4 денари ќе останат. Безоловниот беше под 1.200 долари по тон, и имаше два денари, но очекувам сега и тој да оди над 1.200, така што и таму ќе имаме 4 денари по литар повторно намалени акцизи – рече Мицкоски, по седницата на Комитетот за јавни инвестиции.

Посочувајќи на цените на горивата во регионот, како и дека „буџетот во Србија буквално колабира“ рече дека ние не сме во таква состојба поради, како што нагласи, стабилните политики што ги води Владата.

  • Ќе продолжиме и понатаму со стабилни политики и заштита на стандардот на граѓаните – рече Мицкоски.

Тој потсети на табелата што ја објави Меѓународниот монетарен фонд, која покажува дека како држава сме трета во Европа која што применила мерки за справување со кризата како процент од Бруто-домашниот производ. Тоа, потенцира, е показател дека како резултат на таа активна политика и робусните мерки што ги применивме граѓаните во Македонија плаќаат најевтини горива, и дизел и бензин.

  • Во таа насока, ќе продолжиме и во периодот што следува. Точно е дека тоа има импликации врз Буџетот, не може  ништо да биде бесплатно, но важно е дека го зачувавме стандардот на граѓаните. Ако се спореди со кризната 2022 година, кога имавме двоцифрена инфлација, сега инфлацијата во март и април се движи на очекуваните нивоа – под пет проценти. Да видиме како ќе биде во април, имајќи предвид дека во март и април применивме мерки, кога ги промовиравме  религиските кошнички, така што очекувам да имаме прилично стабилна структура понатаму во  мај – изјави Мицкоски.

Тој дополни дека сè уште постои притисок од граѓаните од соседните држави за набавка на горива, која е зголемена за 30% и оти сè уште од кај нас со керозин се снабдуваат регионалните аеродроми. Немаме намера да престанеме и да воведеме забрана, како што тоа веќе го направија некои држави. Не сме интервенирале со државните резерви, се бориме да го задржиме стандардот и во овие два месеци, покрај овие големи предизвици што ги имаме, и би рекол историски најголемата енергетска криза, која што според своите размери се споредува со онаа од седумдесеттите години на минатиот век и онаа од 2022 година. Сепак, покажуваме жилавост и така ќе продолжиме и понатаму да се бориме- рече Мицкоски.

Според него, првиот квартал во наплатата на даноците е солиден. Има, како што рече, зголемување, кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход со двоцифрени проценти во споредба со претходната година, а кај данокот на додадена вредност едноцифрен, од 5,5 до 6 %.

  • Сè има своја поврзаност и сега засега немаме простор за паника. Граѓаните да бидат сигурни и безбедни, има кој да размислува и да води стабилни политики. Во овој момент Македонија не е држава што повеќе коленичи, туку рефлектира стабилност во регионот и така ќе продолжиме – изјави Мицкоски. 

Мицкоси упати на податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 април, според кои реализацијата кај предвидените приходи е 29%, 33% е кај расходите и околу 35% кај капиталните инвестиции.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top