Бизнис

Оперативна стабилност и силни резултати во првиот квартал од 2026 година во услови на глобална енергетска нестабилност

Окта со финансиски резултати за првиот квартал од 2026 година

Во текот на првиот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта бележеа нагорен тренд, со најизразена ескалација во месец март. Ценовните флуктуации произлегоа од зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток, што доведе до зголемена загриженост околу безбедноста на снабдувањето, нарушувањето на клучните транспортни коридори и ограничување на глобалните текови на нафта и деривати. Овие притисоци на страната на понудата, во комбинација со зголемената неизвесност и претпазливото акумулирање залихи на пазарите, резултираа со зголемена нестабилност и значително повисоко ниво на меѓународните цени во споредба со истиот период од претходната година.

Во вакво пазарно опкружување, ОКТА остана фокусирана на својата основна улога – сигурен снабдувач на нафтени деривати на домашниот и соседните пазари, приоритизирајќи ги континуитетот и безбедноста на снабдувањето. Со цел дополнително унапредување на логистичката флексибилност и оперативната отпорност, компанијата ги прошири своите транспортни капацитети преку користење на продуктоводот за испораки на дизел.

Вкупниот обем на продажба во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 334 илјади м³, што претставува зголемување од 35% споредено со истиот период лани, поттикнато од силната извозна активност, зголемената достапност на производите и подобрената логистичка флексибилност, вклучувајќи го тука и користењето на продуктоводот, во рамките на регионално пазарно опкружување кое се карактеризира со построги услови за снабдување.

Извозот сочинуваше приближно 25% од вкупниот обем на продажба, што ја одразува способноста на компанијата да ја искористи својата стабилност во снабдувањето и логистиката за ефикасно да одговори на побарувачката на соседните пазари. Повисокиот обем на продажба ѝ одеше во прилог на бруто профитабилноста во првиот квартал од 2026 година, додека ефектите од вреднувањето на залихите што произлегоа од галопирањето на меѓународните цени на горивата во текот на периодот исто така влијаеја на објавените резултати. Оперативните трошоци се зголемија за 15% на годишно ниво, главно одразувајќи привремени фактори водени од активноста, додека компанијата продолжи строго да ја контролира основната трошковна база.

Имајќи ја предвид структуралната нестабилност на меѓународните енергетски пазари, идните промени во ценовните трендови може да имаат и спротивно влијание врз ефектите поврзани со залихите. Според тоа, прокнижените финансиски остварувања во следните периоди може и понатаму да ги одразуваат флуктуациите што произлегуваат од преовладувачките пазарни услови, а не воспоставените оперативни темели.

Одржливост, пазарна одговорност и општествен придонес

Во согласност со своите стратешки приоритети, ОКТА продолжи да ја зајакнува својата одржливост во текот на првиот квартал од 2026 година. Компанијата инвестираше 24 милиони денари во проекти за обновлива енергија, поддржувајќи го постепеното намалување на своите емисии на јаглерод диоксид и транзицијата кон почисти енергетски решенија, истовремено генерирајќи долгорочна економска вредност.

Во услови на постојана нестабилност на меѓународните цени на горивата, ОКТА презеде таргетирани мерки за поддршка на стабилноста на пазарот и заштита на континуитетот на снабдувањето. Во март 2026 година, компанијата воведе доброволна привремена програма за попуст на дизел и бензин за трговци на големо и мало, која потоа беше продолжена до крајот на април. Иницијативата го одрази проактивниот пристап на ОКТА кон поддршка на пазарот востресни времиња, истовремено зачувувајќи целосна автономија врз цените за трговците и овозможувајќи бенефит за крајните потрошувачи.

Покрај својата пазарна улога, ОКТА продолжи да инвестира во унапредувањето на општеството и развојот на човечки капитал. Во текот на кварталот, компанијата најави проширување на својата Програма за стипендии, вклучително и воведување на две нови стипендии за постдипломски студии во земјата и во странство, што придонесува за охрабрување на младите и развој на вештини.

Постојаната посветеност на компанијата кон одговорно управување и ангажман во заедницата беше дополнително признаена преку наградата „Најголем корпоративен донатор за 2025 година“ од СОС Детското село. Паралелно, позитивното влијание на неодамнешните иницијативи на ОКТА беше зајакнато со национална бренд кампања под мотото „Енергијата околу нас“, истакнувајќи ја улогата на компанијата во секојдневниот живот и нејзиниот долгорочен општествен придонес.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top