Бизнис

(Фото): Странски промет од 52 милиони евра во македонските онлајн продавници

Од АТЕМ посочуваат дека 7,3 милиони евра или 14 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 5 милиони евра од Швајцарија и 3,6 милиони евра од Германија. Потоа следат Турција со 3,4 милиони евра Ирска со 2,5, Бугарија со 1,3, Обединетото Кралство со 1,2 милиони евра и Србија со 1,1 милиони евра.

Странците лани потрошиле 52 милиони евра во македонските онлајн продавници или повеќе за 40,4% во споредба со 2024 година. 52,6% од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци лани ја направиле корисници на платежни картички од 9 земји, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АТЕМ во која се користени податоци на Народната банка. Вредноста која странските онлајн купувачи ја направиле кон домашните е-трговци е остварена во 2,3 милиони трансакции што е за 39,4% повеќе во однос на 2024 година.

Од АТЕМ посочуваат дека 7,3 милиони евра или 14 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 5 милиони евра од Швајцарија и 3,6 милиони евра од Германија. Потоа следат Турција со 3,4 милиони евра Ирска со 2,5, Бугарија со 1,3, Обединетото Кралство со 1,2 милиони евра и Србија со 1,1 милиони евра. Најголем пораст на вредноста на трансакциите во споредба со 2024 година од 94,4% е остварен од турските иматели на платежни картички, а потоа следат германските иматели на платежни картички со раст од 55%. Најголем број односно 252.600 е-трансакции направиле странските иматели на платежни картички од САД купувајќи од македонски е-продавници, а потоа 144.300 од Србија, додека најголем пораст на бројот на е трансакциите во 2025 година во однос на претходната година е забележан од турските иматели на платежни картички од 115,7 %.

Што се однесува до просечната вредност која странските иматели на платежни картички ја направиле кон домашните е-трговци се движи од 44,5 евра направени од Бугарија до 8,1 евра од Србија. Од САД, Турција, Ирска и Бугарија просечната трансакција е намлена во однос на 2024 година.

Според анализата на АТЕМ, географската распределба на странските трансакции кон македонските е-продавници не секогаш директно го одразува профилот на крајните купувачи, туку често е поврзана со миграциски текови, дијаспора и локацијата на издавање на платежните картички.

  • „Земјите како САД, Швајцарија и Германија, кои учествуваат со значителен дел од вредноста на трансакциите, во голема мера се поврзуваат со македонската дијаспора. Овие трансакции најчесто се интерпретираат како купувања направени од иселеници за свои блиски во Македонија, особено за категории како подароци, потрошни производи, услуги или резервации. Кај Ирска, ситуацијата е понијансирана. Иако постои македонска дијаспора, значајниот обем на трансакции може делумно да се објасни и со тоа што голем број меѓународни дигитални платформи и финтек компании имаат седишта токму во Ирска. Тоа значи дека дел од трансакциите може да се процесираат преку ирски платежни институции, иако крајниот купувач не е физички лоциран таму. Дополнително, можно е и учество на странски корисници (не само Македонци) кои купуваат специфични услуги од македонски компании, особено во дигиталниот сектор. Кај Турција, растот на трансакциите и вредноста упатува на комбинација од фактори: зголемена економска поврзаност, географска близина, како и можен интерес за специфични услуги или производи што ги нудат македонските е-трговци. Дополнително, дел од трансакциите може да се поврзат и со бизнис-релации или прекугранични услуги“ наведуваат од АТЕМ.

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

To top