Македонија

Следната недела коалицијата Вреди станува една партија

. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти

Една недела нè дели од големото обединување на Албанците во земјата. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти. ВЛЕН ќе стане една единствена сила, со едно име, еден правец и една мисија, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Ова е момент што ја затвора ерата на политичка расцепканост кај Албанците. Со години поделбите им се продаваа како плурализам, а личниот интерес се пакуваше како патриотизам. Тоа време завршува.

Под слоганот ВЛЕН ЕДНО, 850 делегати ќе го запечатат овој историски процес. Пет политички субјекти ќе се обединат во едно политичко тело, како исполнување на даденото ветување пред Албанците за силен, организиран и одговорен политички фактор, подготвен да зборува со еден глас.

Деветти мај не е избран случајно. Тоа е Денот на Европа, ден што го симболизира обединувањето како вредност. Токму таа вредност ВЛЕН ја претвора во политичка реалност кај Албанците.

За оние што со години живееја од поделби, ова обединување е лоша вест. За Албанците кои бараат правец, одговорност и чесно претставување, ова е голема вест.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

To top