Македонија

Во четврток почнува Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом

Првото издание на Вински фестивал Битола ќе се одржи од 7 до 9 мај 2026 година, на платото пред Офицерски дом во Битола

Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола, кое денеска беше најавено на прес-конференција во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом. Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.

Деталите за првото издание ги соопштија претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов, градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, како и претставник на бендот Паркети, кој е дел од музичката програма на фестивалот. Со крајот на работната недела стартуваат трите вечери со внимателно одбрана музичка програма, домашни винарии, гастрономска понуда и атмосфера што треба да го продолжи препознатливиот мајски ритам на градот. Според Пане Темов амбицијата е фестивалот да прерасне во препознатливо случување за Битола.

„Ова е прво издание на Вински фестивал Битола, но идејата е фестивалот да стане традиција и секоја година да носи нова енергија во градот. Сакаме да создадеме настан кој ќе ги поврзе љубителите на доброто вино, домашните винарии, музиката и градското дружење. Битола има публика која знае да препознае добар настан, а виното е култура, приказна и повод луѓето да се сретнат во убава атмосфера“, истакна Темов. Фестивалската програма е замислена како спој на различни музички вкусови и генерации.

На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, Lockdown, Камерен оркестар Битола, DJ Гоце Саф, Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“. Организаторите најавуваат програма што го следи духот на Битола, разновидна, урбана и опуштена, со доволно простор и за концертна атмосфера и за лежерно фестивалско дружење. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии.

Винската култура кај нас сè повеќе се развива како препознатлив дел од гастрономската и туристичката понуда. Затоа и виното, како што беше посочено на прес-конференцијата, не е само пијалак, туку дел од традицијата, од современиот начин на уживање и од приказната за локалните производители. Градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, го поздрави одржувањето на фестивалот, нагласувајќи дека Битола и годинава продолжува со настани што го збогатуваат културниот и забавниот живот на градот.

„Битола има силна фестивалска традиција и публика која знае да ја живее градската атмосфера. Поддршката за вакви настани е поддршка за локалната култура, за туризмот и за угостителството. Но, овие урбани случувања носат препознатливост и за градот. Вински фестивал Битола се одржува првпат, но има потенцијал да стане дел од календарот на манифестации по кои градот ќе биде уште попривлечен за посетители“, истакна Коњановски. Д

иректорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, посочи дека Офицерски дом е природна сцена за ваков тип настани, бидејќи претставува еден од најрепрезентативните простори во градот. „Офицерски дом е простор кој има посебна симболика за Битола. Затоа ни е важно тука да привлечеме новите настани кои ја зближуваат публиката.

Вински фестивал Битола носи токму таква енергија, културна, музичка и градска“, истакна Михајловски. Претставникот на бендот „Паркети“ најави дека настапот на фестивалот ќе биде дел од финалната вечер и дека публиката може да очекува концертна енергија што одговара на отворениот, градски карактер на настанот.

Првото издание на Вински фестивал Битола ќе се одржи од 7 до 9 мај 2026 година, на платото пред Офицерски дом во Битола.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Најнови вести

To top