Хроника

Крадецот се обиде вчера да влезе насилно во храмот „Свети Вмч.Георгиј“ во Кочани, ама при бегање заглави на оградата! – Го вадеа полицајците!

Вчеравечер во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани бил направен обид за кражба. Притоа сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект, но не успеал. по неуспешниот обид за разбивање на вратата крадецот се обидел да избега, но се заглавилна оградата околу храмот! Ова го објави Радио Кочани..

На местото веднаш интервенирале полициски службеници, како и екипи на Територијалната противпожарна единица – Кочани и Итната медицинска помош, кои помогнале во безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на денешната слава на храмот.

Засега нема официјални информации за идентитетот на лицето и за можните повреди, кои ги здобил. Се очекуваат повеќе детали од надлежните институции.

Најнови вести од: Хроника

Започнува постапката за четирите малолетни насилници од Аеродром: побарана забрана да ѝ се доближуваат на 12-годишната жртва

Јавното обвинителство побара да се поведе постапка против две 14-годишни девојчиња и две момчиња, осомничени за насилство, помагање и неовластено снимање на нападот врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром. Станува збор за насилниот инцидент на 30 јуни во скопската населба Аеродром, кога 12-годишното девојче беше физички нападнато, а целиот настан беше снимен со мобилен телефон.

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top