Свет

Итна медицинска евакуација: Бродот „Хондиус“ со хантавирус се приближува кон Канарските Острови

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

Шпанското Министерство за здравство соопшти дека холандскиот круизер „МВ Хондиус“, на кој е регистрирано ширење на хантавирус, се упатува кон Канарските Острови, каде се подготвува детален план за евакуација и медицинска грижа за патниците и екипажот.

Двајца членови на екипажот, меѓу кои и бродскиот лекар, имаат итна потреба од медицинска помош и ќе бидат пренесени со медицински авион. Планирана е евакуација и на уште едно лице поврзано со починатиот германски државјанин.

Бродот претходно бил закотвен кај Зеленортските Острови, но таму не било можно да се спроведе целосна медицинска операција.

На „МВ Хондиус“ моментално се наоѓаат околу 149 лица од 23 различни земји, кои се наоѓаат под строги превентивни мерки. Патувањето започнало од Аргентина пред околу еден месец, а досега тројца патници починале.

Според планот, бродот треба да пристигне на Канарските Острови во наредните три до четири дена, најверојатно на Гран Канарија или Тенерифе, каде постојат соодветни здравствени капацитети. По пристигнувањето, сите патници и членови на екипажот ќе бидат подложени на детални медицински прегледи.

Контактот со локалното население ќе биде строго ограничен, а сите активности ќе се одвиваат под посебни мерки за да се спречи евентуално ширење на инфекцијата.

Според најновите податоци, досега се евидентирани седум случаи на хантавирус, од кои два се потврдени, а останатите се под сомнеж.

Повеќе за Хантавирусот

Хантавирусот е група на РНК-вируси од семејството Hantaviridae, кои предизвикуваат две главни форми на тешка болест кај луѓето: хеморагична треска со ренален синдром (HFRS) и хантавирусен пулмонален синдром (HPS).

Вирусот се пренесува првенствено преку контакт со инфицирани глодари (мишки, стаорци) или нивните измет, урина и плунка. Инфекцијата обично настанува при вдишување на аеросолизирани честички од контаминирани материјали, особено во затворени простори. Во ретки случаи (како кај јужноамериканскиот Andes virus) е возможно и пренесување од човек на човек.

Најнови вести од: Свет

To top