Македонија

„Дрим Фектори“ го отпочнува снимањето на филмот „СНЕШКО“

„СНЕШКО“ е драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Лили (16) живее на остров, кадешто никогаш не снежи. Таа е математички гениј — интровертна, оригинална, неприфатена од средината

„СНЕШКО“ е драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Лили (16) живее на остров, кадешто никогаш не снежи. Таа е математички гениј — интровертна, оригинална, неприфатена од средината. Таа ја носи со себе сликата на татко си — морнарот кого морнарите го нарекуваат Капетан Снешко, насекаде: присутен во нејзиниот ум, жив во нејзините мисли, водечки. Кога Тајното математичко здружение ја избира да се натпреварува со четири математички гении во средновековниот Castello di Verrès во Италија, Лили за прв пат го напушта сончевиот остров и добива шанса да го види снегот за кој отсекогаш сонува. За да победи на натпреварот, мора да направи нешто поголемо од математика. И тоа е единствената задача за која таа нема формула.

Филмот го режира Стојан Вујичиќ, еден од водечките македонски автори, чиј опус вклучува играни и документарни филмови, прикажани и наградени на домашни и меѓународни фестивали. Автор е на Стела (2021), првиот македонски долгометражен игран филм за деца. Дена Вујичиќ учествува во продукцијата и  како негов креативен соработник. Сценариото го потпишуваат Стојан Вујичиќ во соработка со Александар Русјаков како и Дена Вујичиќ (19), која е вклучена во проектот како нивен креативен соработник — таа го носи во процесот на она, за коешто не постои замена: перспективата одвнатре.

„Овој филм е дел од едно чувство кое не бледнее со годините. Чувство дека во еден момент животот ненадејно се менува — без предупредување, без образложение — и дека од тој момент низ животот си оставен сам да го преведуваш она што се случило во смисла, во логика, во живот. Снешкото е симбол на нешто чисто, среќно и поставено со прецизна функција во филмот. Ништо не е случајно, ништо не е декоративно.” вели  – Стојан Вујичиќ, режисер.

Во главните улоги настапуваат: Ирина Апелгрин, Христијан Ристевски, Тони Наумовски, Даниела Ивановска, Симеон Дамевски, Тони Михајловски и др. Кинематографер на филмот е Дејан Димески, костимограф е Гео Павлов, сценограф е Влатко Зафирковски, автори на шминката се Магдалена Бојаџиева и Снежана Ангеловска Живковска, а Продуцент е Огнен Антов.

„СНЕШКО“ е меѓународна копродукција на „Дрим Фектори“ (Македонија) со партнерски продукциски куќи од Хрватска („Sekvenca“), Италија(„The Box film“), Бугарија („Samsara“) и Албанија(„Papadimitri film production“). Продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм на Република С. Македонија, и националните фондови на државите.

„Дрим Фектори“ е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето осумнаесетгодишно постоење, продукцијата изгради уникатно портфолио кое се движи помеѓу македонскиот авторски кинематографски израз и меѓународните копродукции со светска фестивалска и дистрибутивна видливост. Огнен Антов е основач на продукцијата, а воедно и претседател на Здружението на Македонски филмски продуценти и продуцент на над 20 долгометражни и кратки филмови во последниве 18 години. Еден од последните проекти на „Дрим Фектори“ – филмот „Вера сонува за морето“, во режија на Калтрина Красниќи, беше дел од еден од натпреварувачките програми на Венеција 2022, а со филмот „Оче наш“ беше дел од престижниот филмски фестивал од „А“ категорија во Торонто. Со „СНЕШКО“ („THE SNOWMAN“), „Дрим Фектори“ под водство на Стојан и Огнен, за прв пат го поставуваат македонскиот авторски игран филм во директна конкуренција со европскиот фестивалски пазар за младинска кинематографија.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Чавков: Судењето за „27 април“ не може да се одвои од променатa на уставното име на Република Македонија!

Судењето за „27 април“ не може да се одвои од тогашните политички процеси во државата, особено процесот за промена на уставното име на Република Македонија. Паралелно со судењето: се одвиваше референдумот, почна процесот на уставни измени, а во текот на самата доказна постапка беше донесен и Законот за амнестијата. Од вкупно 33 обвинети, по амнестијата, останавме 16 лица, а се создаде впечаток дека амнестијата имаше и силна политичка функција во обезбедувањето на потребното двотретинско мнозинство за уставните измени а менувањето на името – рече во интервју за МИА, Митко Чавков, по излегувањето од затворот во Штип

Казната за Стојанче Јовановски од 12 години затвор е прва во историјата на Македонија за наведување на самоубиство поради семејно насилство

Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со постојано семејно насилство, кое предизвика трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Директорот на БЈБ: Македонската полиција е подготвена за современите безбедносни предизвици

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, на централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, истакна дека денеска не се одбележува само професија, туку се потврдува должноста да се служи на граѓаните, државата и довербата која им се дава.

Ѓорѓиевски: Целта е Скопје да стане град на младите

Со поддршка од Владата на Република Македонија работиме на мерки и политики што ги поддржуваат младите, семејствата и сите генерации преку подобри јавни услуги, инвестиции во образование, социјална заштита, урбан развој и создавање поинклузивни и одржливи заедници.

Најнови вести

To top