Бизнис

Лидерите од регионот ќе дебатираат за забрзување на растот, поттикнување на лидерство и регионално поврзување

Самит на Македонија2025

Македонија2025 го најавува 15-тото издание на Самитот, кој оваа година ќе се одржи на 12. и 13. мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, Самитот и оваа година ќе обедини високи претставници од Владата, меѓународните организации и дијаспората, како и од бизнис-секторот, инвеститорите, академската заедница и лидерите од регионот, со цел да се поттикнат конкретни дискусии за економски раст, конкурентноста, иновациите, лидерството и глобалното поврзување.

Самитот Македонија2025 и оваа година ќе се позиционира како една од водечките регионални платформи за размена на идеи, градење партнерства и отворање нови можности за развој. Во фокусот на програмата ќе бидат прашања што се клучни за иднината на земјата и регионот, како што се забрзување на економскиот раст, унапредување на конкурентноста на компаниите, како и засилување на атрактивноста на регионот за инвестиции. Ќе се дискутира и за инфраструктурата како двигател на развојот, дигиталната трансформација и вештачката интелигенција кои ја менуваат економијата, но и за тоа како дијаспората да стане стратешки капитал за развојот на Македонија.

Свеченото отворање на Самитот ќе се одржи на 11 мај во Кабинетот на Претседателката на Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова. На приемот ќе присуствуваат членови на Одборот на Македонија2025, високи владини претставници, говорници на Самитот, претставници на стопански комори, дипломати, партнери, спонзори, и други поканети гости. На приемот е предвидено доделување на признанија за придонес на припадниците на дијаспората кон развојот на Македонија од страна на Претседателката, како и на претставници на Македонија2025. Главната програма на Самитот ќе се одржи на 12 и 13 мај и ќе вклучи клучни обраќања, панел- дискусии, и интервјуа со домашни, регионални и меѓународни лидери.

Програмата ќе биде отворена со обраќања на лидерството на Македонија2025, меѓу кои Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025, Мајк Зафировски, со-основач на Македонија2025, и проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски, извршна директорка на Македонија2025. Во рамки на програмата на 12 мај е предвидено и интервју со Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, како и учество на високи владини претставници, меѓу кои и Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт и врски.

Говорници и учесници на Самитот ќе бидат истакнати имиња од бизнисот, финансиите, технологијата, правото, медиумите, спортската медицина, дипломатијата и дијаспората, меѓу кои Живко Мукаетов, Ана Драшковиќ, Огњен Лазиќ, Том Клајн, Сали Јуањуан Чин, Ентони Т. О’Саливан, Ана Арсов, Тамара Миловановиќ, Ендру Вробел, Џордан Битов, Рон Томас, Кристофер Хил, д-р Тони Галеа, Кати Ицева, Војдан Карапетковски, Томас Лауко, Мартин Марс, Јелена Беговиќ, Вал Јусуфи, Тања Михајловска Димитриевска и други. Иднината на економијата и лидерството ќе бидат во фокусот на годинешните сесии.

Првиот ден ќе се дискутира за тоа што треба да се промени за Македонија и регионот да го забрзаат растот, дали регионот може да премине од потенцијал кон реални перформанси, зошто сега е вистинскиот момент за инвестиции, како инфраструктурата може да биде мултипликатор на растот, како иновациите се создаваат преку прекугранична соработка и што значи лидерство во глобална економија што постојано се менува. Вториот ден ќе биде посветен на лидерството во комплексни услови, институциите на 2 иднината, дигиталната конкурентност, вештачката интелигенција, трансформацијата на индустриите, иновациската моќ на Балканот и улогата на дијаспората во развојот на земјата.

Самитот ќе понуди и значајни можности за директно вмрежување и неформална размена меѓу учесниците. Во рамки на програмата се предвидени „Unwind Hour“ сесии, како и посебен настан за вмрежување на 12 мај, што ќе овозможи поврзување меѓу говорници, компании, инвеститори, партнери, претставници на дијаспората и млади професионалци, во порелаксирана атмосфера. Дополнителна вредност за учесниците ќе донесат и настаните организирани во рамки на Самитот, кои ќе бидат отворени за регистрираните учесници и ќе бидат насочени кон практични теми, како лидерство, ангажираност и перформанси, како и влијанието на вештачката интелигенција врз работните места и идните професионални вештини. Со ваква амбициозна програма Самитот станува платформа за создавање партнерства, отворање можности и градење заедничка визија за иднината.

„Нашата цел е да поврземе луѓе, идеи и институции кои можат да придонесат кон побрз, поодржлив и поконкурентен развој на Македонија и регионот“, велат од Македонија2025. Македонија2025 е непрофитна, неполитичка и независна организација основана од македонски иселеници, со мисија да придонесе кон економски развој на земјата. Од 2007 година, таа работи на поддршка на лидерството, претприемништвото, глобалното бизнис-поврзување, иновациите, конкурентноста и односите со дијаспората.

Преку своите програми, партнерства и иницијативи, Македонија2025 продолжува да ја гради визијата за просперитетна Македонија, заснована на знаење, вредности, економски раст и силни глобални врски.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Храната поскапела за 1%, на удар транспортните услуги кои ќе влијаат во крајната инфлација за април, вели премиерот

Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

ДЗС: Инфлација од 5,7% во април, храна поскапа за 8% за една година

Инфлацијата во април бележи повторно зголемување. Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците на живот во април на годишно ниво бележат зголемување од 5,7 проценти, а цените на мало раст од 5 проценти.

РКЕ: Ќе се преиспитуваат блоковите за потрошувачка на струја, што ќе значи тоа за сметките?!

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, смета дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија. Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. „Мој личен став е дека треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во […]

(Фото): Инфлација од 4%, економски раст за 3,5%, очекува Народна банка

Кризата на Блискиот Исток притиска, последиците се чувствуваат. Народна банка ги ревидираше проекциите. Годинава економскиот раст ќе биде помал, а инфлацијата речиси двојно повисока од онаа што претходно ја очекуваа монетарните власти. Гувернерот Славески вели дека причината не е во домашната економија, туку во надворешните шокови, пред сè војната на Блискиот Исток, поскапата нафта и глобалната неизвесност. Според него, Македонија како мала и увозно зависна економија, директно ги чувствува последиците од случувањата во светот.

Групацијата ЕОС повторно дел од NPL панелот на Европската комисија – силен придонес на ЕОС Матрикс Македонија во финансискиот сектор

Реизборот има особено значење и за локалниот пазар, каде ЕОС Матрикс Македонија игра клучна улога во развојот и стабилизацијата на секундарниот финансиски пазар

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

To top