Македонија

„Спортуваме заедно“: Инклузивен спортски настан во Скопје

Во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија, во СРЦ МТП Скопје се одржа инклузивниот спортски настан „Спортуваме заедно“,со цел промоција на Unified спортот и инклузивните спортски практики.

Во организација на Специјална Олимпијада Северна Македонија, во СРЦ МТП Скопје се одржа инклузивниот спортски настан „Спортуваме заедно“,со цел промоција на Unified спортот и инклузивните спортски практики.

Настанот се реализираше во присуство на делегацијата на Специјална Олимпијада Европа Евроазија, предводена од претседателот Свен Албрехт, а меѓу присутните беа и Министерот за спорт, Борко Ристовски и Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска.

Кратко поздравно обраќање кон присутните имаше Игор Димовски, Спортски Директор во Специјална Олимпијада Северна Македонија, како и Спортскиот Директор во СОЕЕ, Матео Сечи.

Преку заеднички спортски активности, атлетите и Unified партнерите демонстрираа како спортот создава еднакви можности, тимска работа и простор за активно учество за сите.

Посебна благодарност беше упатена до СУГС „Георги Димитров“, како пионер во имплементацијата на Unified Schools програмата во Северна Македонија, до СРЦ МТП за поддршката на настанот, како и до PianoArt International Music Academy за музичката програма.

Од Специјална Олимпијада Северна Македонија истакнаа дека преку ваквите активности продолжуваат да ја промовираат инклузијата и еднаквото учество на лицата со интелектуална попреченост во спортот и заедницата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top