Македонија

Скопски адвокат бара полицаецот Таири да биде награден ако тепаните во Сарај биле агресивни

Јавно разбирање на мерките што ги презел полицаецот ако се утврди дека тепаните му го зеле пиштолот

Скопскиот адвокат Умејр Мухамеди јабно бара полицаецот кој се истражува за инцидентот во Сарај да биде награден ако тепаните во Сарај биле агресивни и му го одзеле пиштолот.

Адвокатот го открива името на полицаецот кој е под истрага од Внатрешната контрола на МВР.

, Ако се утврдат наводите дека децата биле проблематични и дека му го имат земено пиштолот полицаецот Емин Таири треба да биде награден а не казнет.
Во Сарај децата не можеш да ги извадиш на улица од страв дека некој ке ги згази, деца од 13-14 години лудуваат со коли. Никаква контрола ниту од родители ниту од полицијата”, пишува Мухамеди.

Тој потсетува дека проблематични деца во Бутел убија 13 годишно дете, при проверки по училиштата биле најдени цели вреќи со ножеви, по автобуси лудуваат, музика пуштат, викаат, девојките ги закачуваат, дрога на секој ќош итн.

,,И сега полицајците биле криви, па и на нив веке ке им дојде преку глава од што не ги почитуваат и ги понижуваат”, смета адвокатот.

Најнови вести од: Македонија

To top