Македонија

СДСМ ја враќала довербата и народот ќе победел – Бихаќка ја отфрли анкетата на Маркет Вижн

СДСМ најавува победа но дали знаат дека бројките на избори ќе бидат двојно поголеми за противникот

Иако анкетите на Маркет Вижн од референдумот за името и сите наредни циклуси ги погодуваат резултатите во рамки на еден процент, СДСМ ја отфрли денеска објавената анкета за рејтингот на партиите и лидерите.

Од таму реакција дека партијата ја враќа довербата кај народот.

Од Бихаќка велат дека анкетата е лажна и дека народот ќе победел на следните избори.

Според СДСМ во анкетата стои 19,3 проценти што според нив за ВМРО-ДПМНЕ е пад од околу 32 на изборите, на 19 проценти сега.

Дали партијата на Филипче навистина не знае дека овие се бројки од вкупното население или се обидуваат да манипулираат е помалку важно затоа што бројката од 19,3 од сите гласачи за ВМРО-ДПМНЕ на реални избори извесно ќе биде речиси двојно поголема од таа што ја прикажува СДСМ.

Причината за која СДСМ не знае или намерно молчи е што процентот од изборните резултати е само врз основа на тие што гласаат а не на целата популација.

,,Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката.

41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство.

Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги.

СДСМ ја враќа довербата токму сега, кога граѓаните знаат дека сè било лага.

Најпосле ВМРО го призна падот. Вистинскиот е поголем. Повеќе не можеше да се штелува, затоа што и за ова веќе никој не им верува.

Наскоро народот ќе победи и тука. Власта ќе биде во рацете на граѓаните”, пишува СДСМ во своето соопштение во кое се додава дека ,,нема анкета што ќе ги спаси од правдата, од неа не се посилни”.

СДСМ и ним блиските агенции подолго време не објавуваат анкети што е уште еден пиказател за реалната состојба.

Најнови вести од: Македонија

To top