Македонија

ВРЕДИ пред обединувањето: За Албанците во Македонија 9 мај нема да биде обичен ден

Една идеја утре ќе стане реалност, порача Дритон Сулејмани во името на единствениот политички субјект од утре

Коалицијата од пет политички партии на Албанците во Македонија, ВРЕДИ, утре ќе се спои во еден субјект и оттаму порачуваат дека 9 мај нема да биде обичен ден.

„Утре, 9 мај, не е обичен ден за политичката сцена на Албанците во Северна Македонија. Утре е моментот кога една идеја, која беше доведена во прашање, еден пат кој беше оспоруван и едно обединување кое беше поттикнувано од многумина, добива своја целосна форма и станува политичка реалност. ВРЕДИ, од соработката меѓу пет политички субјекти, се трансформира во единствено политичко тело“, изјави Дритон Сулејмани.

„Утре над 805 делегати ќе го запечатат овој процес. И пораката е јасна. ВРЕДИ повеќе не е само коалиција, ВРЕДИ е едно“, додаде претставникот на единствениот политички субјект од утре.

Најнови вести од: Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

To top