Хроника

Македонката Милена Витанова избодена со нож од сопругот Хако во Пјаченца, Италија! – Го признал убиството и избегал кај гробот на нивниот син!

Педесет и петгодишната Македонка Милена Витанова е пронајдена мртва во својот дом со повеќе убодни рани во италијанскиот град Пјаченца. Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов во петокот околу 15.30 часот телефонски ѝ признал на полицијата дека ја убил, по што избегал од местото на злосторството.


На местото брзо пристигнале карабинери, пожарникари и екипи на Итната медицинска помош. Станот бил заклучен, поради што пожарникарите морале да влезат преку балкон, каде што ја затекнале жената без знаци на живот.

Првичните полициски сознанија укажуваат дека жртвата имала повеќе убодни рани, како и тешки повреди на главата. Во близина на телото бил пронајден нож, за кој истражителите веруваат дека е користен во нападот. Осомничениот убиец бил пронајден неколку часа подоцна на гробот на нивниот син Методиј, кој починал пред неколку години. Полицијата веднаш го привела. Истрагата продолжува за да се утврдат мотивите и околностите на убиството.

Во моментот на трагедијата, децата на семејството не биле во станот и според информациите се наоѓаат на безбедна локација. Случајот предизвика шок во Пјаченца и меѓу македонската заедница во Италија, каде што овој настан се доживува како уште еден брутален пример на семејно насилство со фатален исход.

Најнови вести од: Хроника

Албански медиуми: мафијашка уцена на сопственик на локал во Добарце, Тетовско, „да исплати 250 илјади евра, или ќе се соочи со последици“?!

Д.Ф. (51), жител од тетовското село Добарце, пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250 илјади евра. Во спротивно, ако не го стори тоа, како што било наведено, „ќе се соочи со последици“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.

Апсења во Скопје и струмичко, поради дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

To top