Македонија

Сиљановска-Давкова: За Македонците 9 Мај е двоен празник

Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување?

9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа објави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Таа порачува дака македонскиот народ во втората светска војна застана на вистинската страна: антифашистичката.

,,Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ.

Околу 25.000 борци не ја дочекаа слободата и победата, но останаа запишани во македонската историја како незаборавни јунаци за македонската држава.

Кога на 9 Мај 1945 година капитулираше нацистичка Германија, македонската војска броеше повеќе од 110 илјади борци”, порачува Сиљановска-Давкова поставувајќи реторичко прашање:

Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување?

Таа потсетува дека за храброста и пожртвуваноста, 66 борци беа одликувани со Орденот народен херој, од кои 44 постухумно.

,,Меѓу најтешките трагедии од македонската НОБ е оној врзан за македонските Евреи. Пред војната, во Скопје, Битола и Штип еврејската заедница броеше 7.762 луѓе, почитувани македонски сограѓани. Во март 1943 година, окупаторските власти депортираа 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Речиси никој не се врати. Исчезнаа цели семејства, домови и генерации, но останаа небришливите траги и спомени во колективна меморија.

9 Мај одново и одново нè потсетува дека ниту слободата, ниту државата не ни се подарени, туку со живот и крв се изборени и мора да се чуваат, негуваат и бранат.

Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии, да веруваме и трагаме по мировни решенија за сите внатрешни, меѓудржавни и меѓународни проблеми, следејќи го примерот на вистинските европјани: Роберт Шуман, Конрад Аденауер,Алсид де Гаспери и Жан Моне, татковците на нашата модерна Европа, оти заедно сме посилни!

Слава на сите паднати антифашисти и борци за слобода!
Нека нивната жртва никогаш не биде заборавена”, стои во пораката од претседателката за 9 Мај.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top