Македонија

Градоначалникот на Аеродром спречи нелегално истурање на градежен шут во Ново Лисиче (ВИДЕО)

Митески посочува дека инцидентот се случил во време кога граѓаните, институциите и волонтерите се вклучени во акцијата „Генералка Викенд“, чија цел е почиста и поздрава животна средина

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска на својот профил на Фејсбук објави видео на кое се гледа како спречува обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во населбата Ново Лисиче.

Во објавата, Митески посочува дека инцидентот се случил во време кога граѓаните, институциите и волонтерите се вклучени во акцијата „Генералка Викенд“, чија цел е почиста и поздрава животна средина.

„Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина“, напиша Митески.

Тој информираше дека случајот веднаш бил пријавен во полиција, како и до комуналните служби, со цел да се преземат понатамошни мерки против сторителите.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top