Злоупотребена е фотографија од малолетна кавадарчанка со монтирање недолична содржина, оваа информација попладнево ја потврди за МИА, портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска-Ѓеоргиева.
-На 06.04.2026 во 11:45 часот во ОВР – Кавадарци, 49-годишна кавадарчанка пријавила дека од страна на непознато лице била злоупотребена фотографија од нејзината малолетна ќерка со монтирање на недолична содржина, по што фотографијата била препратена на други малолетници во Кавадарци – информира Милевска-Ѓеоргиева.
Таа истакна дека во однос на предметниот настан, пријавено било кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и од страна на ОВР – Кавадарци до кавадаречкото Основно јавно обвинителство, поднесен бил извештај со преземени мерки и активности за понатамошно постапување.