Регион

Мицотакис пред криза, екс премиерот Ципрас закана за грчката влада на Неа Демократија

Интересен развој на настаните во политичкиот живот во Грција според македонскиот историчар Димитар Љоровски Вамваковски

Интересен развој на настаните во политичкиот живот во Грција.

НД се уште е прва партија, со се уште значителна предност, но со видлив пад на рејтингот, што се должи веќе на годините власт (втор мандат терат) како и на внатрешни триења во самата партија.

СИРИЗИЗА – е на Сириза и се случи ПАСОКИЗАЦИЈАТА што некој ја туркаше тука во пропагандни цели, без секако доволно да ја знае историјата на политичкиот живот во Грција, особено развојот на партиите и движењата од левиот политички блок.

ПАСОК пополека се крева, но засега ја нема таа моќ и полетност да направи реален исчекор нагоре, нема личност од типот на Андреас Папандреу – популист или Костас Симитис – реален реформатор.

КПГ – статус кво

Другите се плус минус тука.

Но се појавува АЛЕКСИС ЦИПРАС со најавата за формирање нова политичка партија (последниве месеци шета низ Грција и ја промовира својата книга, на тој начин создавајќи ја веќе базата на идната партија), која доколку утре би се формирала би била втора на листата. Тука пред се оној левичарски дел од грчкото општество кој се уште се разочарани од ПАСОК, тие што беа од КПГ разочарини се многу одамна, поминато е време, но најмногу се разочарани од раководствата на СИРИЗА по напуштањето на Ципрас од политичката сцена и хаосот што се случи со тоа движење во последните години. Ако Ципрас повторно успее да собере широк консензус во левиот блок, т.е. го обедини, можно е уште повеќе да се крева, особено што неговата звезда во грчката политика се уште сјае и реално како поединец може да се гледа како надеж во Грција и особено левицата. Ајде ќе видиме.

Но интересен е и друг феномен, најпрвин неколку години опстојува на политичката сцена партијата ПЛЕВСИ ЕЛЕФТЕРИЈАС (Курс на слободата) на поранешниот член на СИРИЗА, Зои Константинопулу, и се профилира како антиестаблишмент партија, т.е. се бори против воспоставениот двоидеолошки систем на десницата и левицата во Грција. Некако како да се издишува, и се намалува поддршката и тоа се должи најверојатно што едел дел подржувачи се насочија кон Ципрас, но очигледно другиот кон едно ново движење под името АНЕКСАРТИТОН КИНИМА ПОЛИТОН (Независно движење на граѓаните) предводено од грчкиот активист и педијадар МАРИЈА КАРИСТИЈАНУ, чија ќерка е една од жртвите на железничката несреќа во ТЕМПИ од 2023 година и всушност ова цело движење се темели токму на ова несреќа како антиестаблишмент движење. Каристијану е централен симбол на движењето за правда за жртвите од несреќата, најголемото општествено движење во Грција во 2020-тите. Таа ја заработи почитта на голем дел од грчкото општество, според анкетите, додека нејзиниот активизам предизвика реакции во владините кругови. Неколку пати се жали дека таа и членови од нејзиното семејство добивле закани по нивниот живот, што само по себе може како контраефект да донесе се поголема популарност во политичкиот натпревар во Грција.

Анализата ја прави македонскиот историчар Димитар Љоровски Вамваковски

Најнови вести од: Регион

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Најнови вести

To top