Македонија

Мицковски: Не е веста дека некој можеби припитомил волк, веста е какви дивјаци сме.

Па, ние бре ги шекнавме и она малкуте нормални, луѓето се исцрпени, полудени, здивени од овој некомичен хаос.

Да чуваш волк е толку себично и глупо, опасно да речеме исто, иако можеби и такво животно е припитомливо, ама генерално да имаш таква идеја, е вон памет, коментира новинарот Ивор Мицковски по вчерашната вознемирувачка вест дека во Скопје бил заловен волк.
„Значи има ли поле каде општата неодговорност и куроболие немаат допрено некаков гинисов рекорд.
Па, ние бре ги шекнавме и она малкуте нормални, луѓето се исцрпени, полудени, здивени од овој некомичен хаос.
А што е до самиот волк, правилото на односот помеѓу општеството и природата е дека со дивината не се заебаваш и превише мешаш.
Дивото треба да е диво, а човекот да проба колку може да се припитоми кон колективниот етос и култура.
Не е веста дека некој можеби припитомил волк, веста е какви дивјаци сме, вели Мицковски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси

Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси

Алтанџиева: Бугарски тест за Македонците со северномакедонска навреда

Креаторите и потписниците на договорот од Преспа и бугарскиот договор ги удрија темелите на новиот општествен договор за новата држава Северна Македонија со план за создавање на новата нација – северномакедонска. Тоа е скриената агенда

To top